Сава Осигурување АД Скопје нуди палета од неживотни осигурувања
Продажбата на полиси во осигурителните компании оди во нагорна линија. Расте интересот кај охриѓани за рaзни видови неживотно осигурување. Граѓаните и компаниите стануваат свесни дека осигурувањето треба да е составен дел од животот. На охридскиот пазар со осигурувања Компанијата Сава осигурување АД Скопје сега поблиску до граѓаните на нова локација на Булевар Туристичка.
Словенечката групација Сава Осигурување АД Скопје нуди палета од неживотни осигурувања за физички и правни лица. Сашо Дракулески, Генерален директор на Сава Осигурување АД Скопје,вели за да бидат што подостапни до клиентите и компаниите отвораат нова канцаларија каде што ќе го купуваат ризикот од незгоди за во несакани ситуации да ги покријат разните видови настанати штети.
„ Граѓаните икомпаниите може да купат секаков вид на неживотно осигурување од возила, за физички лица, автоодговорност, каско, домаќински осигурувања, патнички осигурувања, за фирмите осигурување на имоти од пожари, поплави. Осигурувањето треба да е составен дел од нашето живеење “, подвлекува Дракулески.
Статистиката покажува дека луѓето и компаниите стануваат се повеќе свесни за поволностите при купување на полиси. Во нагорна линија е купување полиси од неживотно осигурување во сите осигурителни компании во земјава вклучувајќи ја и словенечката групација Сава Осигурување АД Скопје. Интересот за осигурувања е во пораст и кај охриѓани и останатите жители од регионот, напоменува Дракулески.
„ Нам ни е предизвик не она што е задолжително осигурување туку и незадолжителното осигурување за да сфатат луѓето дека имаат потреба. Не е фрлање пари што нема да се вратат. Ние покриваме ризици кој недај Боже никој не ги посакува. Нас ни се таргет осигурувања кој не се задолжителни. Статистиката покажува дека расте незадолжителното осигурување заради промена на перцепцијата кај граѓаните во Охрид и Струга. Стануваат свесни дека имаат реална потреба од осигурување“, подвлекува Дракулоски.
Осигурителната компанија Сава осигурување АД Скопје сега е поблиску до граѓаните на нова локација на Булевар Туристичка. Покрај оваа нова канцаларија граѓаните и компаниите може да се осигруваат уште на две локации во близина кај Мини маркет и на 15 ти Корпус кај поранешна Застава.