Во Струга се одбележа „Денот на победата над фашизмот“
Младите да ја продолжат традицијата за чествување на овој ден, порачаа борците.
спомен плоча
Младите да ја продолжат традицијата за чествување на овој ден, порачаа борците.
„Како да беше денес, ништо друго освен победа за нашиот народ, беше мислава која единствено се вртеше низ мојата глава. Се боревме за оваа заедница, за својата земја, за победа на Македонија“.
Борецот, Виолета Јованоска уште еднаш се потсети на спомените од денот на победата над фашизмот. Сега таа е на 82 годишна возраст, вели во целиот овој период заедно со боречката организација во Струга, упорно се труделе да го одбележат овој ден, кој за нив е од големо значење. Очекува дека во иднина ќе има продолжување на традицијата од страна на новите генерации.
Историјата не смее да има прекин, тредицијата треба да продолжи, 41-45 година никогаш да не ја заборавиме, велат од Организацијата на жени од Струга. Насекаде се одбележува победата над фашизмот, тоа било пракса и во нашиот град, ветуваме дека така ќе биде и во иднина, велат од организацијата.
„Веќе борците се немоќни, ние мора да имаме почит кон тоа и да бидеме тие кои ќе ја продолжат традицијата. Нема да дозволиме да се направи прекин на тој историски период“-вели Нина Попоска од Организација на жени од Струга.
„Овој ден може секоја да го заборави но не и борците. Струга е еден од ретките градови кои го одбележува овој ден. Факт е дека во државава се настојува да се заборави чествувањето на победата над фашизмот, посебно сегашниот состав на владата“-истакна претседателот на републичката организација на сојузот на борци, Гавро Паноски.
Во тешко извојуваната слобода на македонскиот народ животите ги загубиле повеќе од 60 милиони луѓе. Од нив, 24 илјади биле македонци а 163-ца стружани.
Денот на победата над фашизмот стружани го одбележаа со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на „Револуцијата“. На овој чин изостана присуството на првиот човек на Струга, градоначалникот Рамиз Мерко. Не дојдоа ниту претставници од општината.

{loadposition content9}