Skip to main content

Нов начин во функционирањето за општинската администрација најавува во изборната програма Митре Милошевски

Нов начин во функционирањето за општинската администрација најавува во изборната програма Митре Милошевски кандидат за градоначалник од Вмро Дпмне. Воведување на електронски систем и низа мерки за поефикасна услуга на граѓните од страна на локалната самоуправа.

 |  Валентина Неловска  | 

Воведување на низа мерки во работењето на општинската администрација за позадоволни граѓани, најавува во изборна програма Митре Милошевски кандидат за градоначалник од Вмро Дпмне. Милошевски, најави на денешната прес конференција поголема ефикасност и услужност на локалната администрација кон граѓаните.

„ Општинатa ќе биде поотворена и ќе работи за граѓаните. Со нови начини на организирање на работата, навремени реакции, достапност и услужност за граѓаните ќе направиме ефикасна и модерна Општина. Кој прв ќе дојде, тој прв ќе добие услуга. Воведување антикоруптивна мерка со која нема решавање предмети преку ред“, најави Милошевски.

Луѓето од администрацијата имаат капацитет, вредни се и чесни луѓе, секој стручен во својата област и треба да се искористи нивното знаење и посветеност кон работата. Буџетските средства мора да се користат строго наменски, транспарентно, домаќински и одговорно. Дигитализација на сите процеси и електронски сервис за граѓаните, најавува меѓу мерките Милошевски.

„ Со внатрешната дигитализација во прва фаза ќе се дигитализираат сите податоци од секторите за: даноци и комунални такси, урбанизам и заштита на животната средина, комунални дејности, сообраќај и улици, туризам и локален економски развој, јавни дејности, финансиски прашања и правни прашања, за потоа во втора фаза да се обединат во еден интегриран систем кој ќе биде јавно достапен за граѓаните и бизнис заедницата со цел сите услуги кои ги дава општината, граѓаните и бизнис заедницата да ги остваруваат по електронски пат“, напомена Милошевски.

Со овој проект значително ќе се забрза работата на општинските служби, ќе се намали можноста за корупција и ќе се доближи општината до граѓаните. Милошевски го најви и проектот „Промена во одданочувањето“ кој ќе се спроведува во промена во даночните стапки за викенд куќите и становите, со цел поголема сеопфатност. Исто така, го најави и спроведувањето на ИКТ обуки за граѓани во бесплатните интернет клубови за повозрасни лица и лица од социјално маргинализирани групи.