Skip to main content

Најмногу интегрирани еколошки дозволи издадени за живинарски фарми и бетонски баз

Со редовни контроли на овој начин се спречува загадувањето на животната околина. Дозволите подлежат на проверки на секои 7 години.

 |  Валентина Неловска  | 

Во првото тромесече од оваа и мината година Oдделението за заштита и влијание врз животната средина при ЛС издало шест интегрирани еколошки дозволи. Една Б- ИЕД е издадена за леарница за леење на обоени метали, една за каменолом за експлоатација на минерална суровина варовник, две за бетонски бази и две за живинарски фарми. Б интегрирани еколошки дозволи се издадени за Леарница ДООЕЛ Охрид, АД Гранит бетонска база с.Косел , ГД Гранит каменолом Рашанец, Бетонска база Лавче ,с.Косел,живинарска фарма Лита, с.Горно Лакочереј, живинарска фарма Вапилица ,с.Вапила Охрид, инфеомираат оид одделението за заштит ана животнат средина. Целта на издавање и поседување на овие доволи е интегрирано спречување и контрола на загадувањето на животната средина.
Органот кој ја издал Б-ИЕД е должен на секои 7 години да ги проверува условите утврдени со дозволата и доколку настанале измени во прописите за заштита на животната средина кои можат да влијаат врз работењето на инсталацијата е должен да покрене постапка за измена на Б-ИЕД. Согласно Законот за животна средина орган надлежен за издавање на Б-ИЕД е градоначалникот на општината. По издавањето на Б-ИЕД овластениот инспектор за животна средина врши редовен годишен надзор врз работата на инсталациите, а операторите доставуваат годишни извештаи од извршени мерења од инсталацијата за загадувањето во сите медиуми од животната средина до надлежниот орган . Врз основа на извештаите од испитувањата инсталациите плакаат редовен годишен надоместок за поседување на Б-ИЕД.