На две основни училишта и на општинската зграда поставени сончеви колектори
Заврши проектот за поставување фотоволтаични системи на две основни училишта и на општинската зграда. Бенефитот од нивното поставувањето на училиштата на годишно ниво ќе биде заштеда од околу 3000 евра кои ќе можат да се инвестираат во подобрувањето на условите за одржување настава и купување нагледни средства.
Заврши проектот за поставување фотоволтаични системи на две основни училишта и на општинската зграда. Сончевите панели во површина од 100 метри квадратни кои ќе даваат енергија од 15 киловати, веќе се монтирани на училиштето Живко Чинго во с. Велгошти, Св. Наум Охридски во с. Пештани и на зградата на Општина Охрид. Останува уште некои поситни технички работи да бидат завршени за да почне нивното користење.
Наскоро ќе имаме производство на електрична енергија во двете училишта и во општина Охрид и тоа чиста електрична енергија добиена по еколошки пат, Томе Џамтоски-портпарол на Општина Охрид.
Овој проект е финансиран со средства од Европската унија. Таа обезбедила 15,5 милиони евра за негова реализација, но на ниво на цела држава. Бенефитот од поставувањето на вакви фотоволтаични системи на училиштата на годишно ниво ќе биде заштеда од околу 3000 евра кои ќе можат да се инвестираат во подобрувањето на условите за работа или за купување нагледни средства. И општината ќе има значителна заштеда на годишно ниво така што вакви проекти имаат крајно позитивен бенефит.
Воопшто ние како заедница треба да се стремиме кон користење на еколошки извори на енергија, пред се тоа е сонцето и јас се надевам дека овај процес како што се развива во светот ќе се развива и во Р. Македонија, вели Џамтоски.
Со реализацијата на овој проект се поставени Фотоволтаични системи во 36 општини на вкупно 108 објекти во државава.