Градоначалниците од 13 општини денес се состанаа во Струга
Членовите на Југозападен плански регион се состана во Струга. Се конституира новиот совет- го сочинуваат старите и новоизбраните градоначалници од вкупно 13 општини од државава.
градоначалници

Од завршувањето на локалните избори, оваа е прва средба на старите но и новоизбраните градоначалници од Југозападниот Плански регион. Токму тоа и беше целта, на работната средба да се конституира новиот совет на овој регион. Вообичаено, седницата ја водеше претседателот, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој со Југозападниот Плански регион раководи веќе две години, од неговиот мандат му останаа нецели 2 месеци. Дискутирајќи на оваа тема, наместо по точките од дневен ред, членовите на советот потрошија многу време.
Во моментов сите имаме иста цел, да работиме заедно за општините од Југозападниот регион, рече Петрески. Иако сите ние сме од различни партии сепак досега немаше надгласувања или препукувања, сите одлуки се донесени едногласно и се во насока за доброто на целиот регион, додаде Петрески. Тој пред присутните ги наведе потешкотиите со кој се соочувал како прв човек на Југозападниот Плански регион.
На денешниот состанок на советот за развој на Југозападен плански регион, покрај членовите присутни беа и претставници од министерството за локална самоуправа.
Инаку по завршувањето на мандатот на Александар Петрески, како прв човек на советот за развој на Југозападен плански регион, се очекува неговата функција да ја превземе првиот човек на Струга, Рамиз Мерко. За избор на нов претседател ќе има дополнителен состанок на членовите на советот, кој ќе одлучуваат исклучиво за оваа точка на дневен ред.

{loadposition content9}