Втор Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма во Охрид
По долга пауза од цели 8 години, викендов на стрелишето Бејбунар во Охрид се одржа вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учество зедоа околу 40 стрелци во дисциплините пиштол и пушка.
По долга пауза од цели 8 години, викендов на стрелишето Бејбунар во Охрид се одржа вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учество зедоа околу 40 стрелци во дисциплините пиштол и пушка.
Апсолутна доминација на Михаил Шишкоски во машка конкуренција со резултат од 593,9 кругови. Иако во последните две години, речиси и да нема настапи на натпреварите, сепак неговото искуство е доволно добро да го задржи првото место и по подолги паузи. Кај јуниорите, Кристијан Џепароски со резултат од 539,2 круга се пласира на шесттата позиција, односно на осмата позиција во севкупен пласман мажи. Теодор Тасевски беше осми во категорија на јуниори, односно десетти во севкупен пламан мажи.
Кај јуниорките апсолутна доминација и на Јована Милевска со резултат од 606,2 кругови. Во севкупен пласман жени, Јована се пласира на четвртата позиција со само 0,2 круга заостанување зад третопласираната. Марија Ванѓеловска пак, во конкуренција на јуниорки ја зазеде петтата позиција, со резултат од 567,1 кругови. Свој настап имаше и Ива Маленко, со резултат далеку под своите можности.
Се надеваме дека добрите впечатоци кои како домаќини и организатори ги оставивме кај сите присутни, ќе бидат доволен мотив за одговорните лица во МССФ, охридското стрелиште и во иднина да биде ставено на Календарот на активности.