На автопатот Кичево- Охрид завршени се постапките за експропријација
За прв пат е проектирана и заобиколница кај Косел која ќе се поврзе со автопатот Кичево-Охрид. Се бара и решение за проектирање на делницата Охрид – Ресен.
Забрзано се работи на градење и реконструкција на патната инфраструктура која води кон Охрид. Патиштата подолго време се во многу лоша состојба на што реагираат и граѓаните и туристите. Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов е задоволен како се одвиваат работите на автопатот Кичево- Охрид кој треба да биде завршен за две години. Според проектот за патот во 99 проценти е завршена експропријацијата , а ќе се работи на експропријација на додатните работи како што се косините странично од патот, вели Китанов.
„ Најгорливите проблеми се решение. Има чудни моменти, граѓаните бараат да се направи патот, но кога ќе треба експропријација сумата им е мала. Тоа ние не го одредуваме туку посебна институција која ги спроведува тие постапки пред суд. Затоа не практикувам да отпочнам да се гради пат без да има минимум 95 посто експропријација. Претходно, тоа не било случај со овој пат. Почнал да се гради со 10 посто експропријација на земјиштето“, вели Китанов.
Оваа година ЈП за државни патишта има отворено 94 проекти и ќе рехабилитира над 600 км патишта низ земјава. Китанов појаснува дека за прв пат се проектира и заобиколница на Охрид кај Косел која ќе излегува на автопатот Кичево-Охрид.
„ Ние ставивме додатна клучка кај Подмоље една од двете клучки кои се проектирани. Никогаш не било ставено како да се заобиколи Охрид. Ние ставивме во проектот клучка со која тешките возила ќе го заобиколуваат и нема да проаѓаат низ Охрид“, напомена Китанов.
Од ЈП Државни патишта , најавија дека ќе се бара решение за изградба на делницата Охрид- Ресен. Стануава збор за тежок терен и засега е неизвесно дали ќе се бара друга траса и ќе се пробиваат тунели или ќе се поправа под сообраќај останува да се најде најсоодветно решение, вели Китанов. Тој додава дека темелно завршен долгогодишниот проблем со свелечиштето кај Битола , а во моментов е завршен и тендерот за изведување на зоабиколницата кај Ресен.