Skip to main content

Пецаков: Изградба на 30 рекреативни зони, тениски терени, спортски и детски игралишта

На Проектите од спортот и физичкото здравје кај младите, посветено е посебно внимание во програмата на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски,  кажа денеска на прес конференција Кирил Пецаков. Изградба на 30 рекреативни зони, односно тениски терени, мултифункционални и детски игралишта, најави Пецаков на денешната прес конференција.

 |   | 



Инвестирањето во спортскиот дух од најмали нозе кај децата е вистински влог во здравјето на нацијата. Посветуваме огромно внимание и имаме слух за проекти од спортот и физичкото здравје кај младите, кажа денеска на прес конференција Кирил Пецаков презентирајќи проекти од изборната програма на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДМНЕ, Митре Милошевски.

„Проектите за спортот се проекти за напредок, за поубав град, за Охрид! Со задоволство го најавувам проектот:  Изградба на 30 рекреативни зони, односно 5 тениски терени, 5 мултифункционални игралишта, 20 детски игралишта. Не застануваме со тоа, туку најавуваме уште еден проект: Изградба на спортски и детски игралишта.“– кажа Кирил Пецаков, координатор на советничка група и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Во програмата на Милошевски предвидена е изградба на спортско игралиште  со гумена подлога, детско игралиште и рекреативна фитнес зона во Велгошти. Детско и спортски игралишта опремени со реквизити за неколку спортови и модерно осветлување со уредување на околниот простор како и изградба на игралиште опремено со детски реквизити во рамки на основното училиште во Елшани, спортско и детско игралиште во Долно Коњско, наброи Пецаков.

„Во Пештани: Реконтрукција на повеќенаменско спортско игралиште и изградба на простор за трибина. Во Урбана Заедница „Железничка“: Изградба на повеќенаменско спортско игралиште со сите реквизити и балон сала за фудбал со вештачка трева. Преку изградбата и реконструкцијата, опремувањето на спортските сали, фудбалските и тениски игралишта, организирањето и субвенционирањето на голем спортски настани, поддршката на спортските таленти диектно придонесуваме за правилен психо-физички развој на децата, професионалците и гостите,“ порача Пецаков.

Пецаков  ја побара поддршката од граѓаните за нивниот кандидат Митре Милошевски за Охрид да стане поубав град.