Изградба на социјални станови за семејства во социјален ризик, најави Милошевски
Охрид мора да биде град на еднакви можности и шанси за сите. Милошевски презентира и други мерки за социјална заштита на граѓаните.
Охрид мора да биде град на еднакви можности и шанси за сите, рече на прес- конференција Митре Милошевски кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне. Како приоритетен проект од својата изборна програма најави изградба на социјални станови.
„ Изградба на станови кои ќе може да ги користат семејствата со социјален ризик, огромна помош да добијат свој дом, но исто така и оние граѓани кои заради временски непогоди или несреќен случај го изгубиле својот дом“, рече Милошевски кандидадтот за гардоначалник .
Милошевски презентира и други мерки за социјална заштита на граѓаните. Меѓу нив се доделување еднократна парична помош за секое првородено дете – 6000 денари, второродено 9000 денари, третородено – 12 000 денари, четврто – 15 000 денари. Субвенционирање на граѓани со над 50 години при само-вработување во социјални активности.
„ Целта е поврзување на двете категории граѓание, едната повозрасната категорија граѓани и онаа категорија граѓани кои се во сотојба на социјално-заштитна потреба и имаат потреба од услуги од типот чување на деца и на стари изнемоштени луѓе.
Мерките мора да функционираат за заштита или превенција од длабока сиромаштија и од наталожување од социјални ризици кај граѓаните“, порача Милошевски.