Skip to main content

„Алиса во земјата на чудата” на репертоарот на охридскиот народен театар

НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид / Народен театар Охрид премиерно е прикажува детската театарска претстава „Алиса во земјата на чудата” од англискиот писател Луис Карол. Претставата организирано ќе се прикажува по училиштата.

 |   | 

Режисер на претставата е Ѓорѓи Ризески, а во неа играат актерите Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Павел Маслов и Филип Кипровски.

Претставата е работена според истоимената книга која е една од највлијателните книги некогаш напишани. Обожувана од сите ворасти, во оваа книга се раскажува за девојче кое што патува во паралелен свет, исполнет со смешни и имагинарни суштества. Како едно од најзначајните книжевни дела од жанр на бесмислицата, оваа книга имало огромно влијание врз филмската индустрија, поп-културата и самата литература.

Детската театарска претстава „Алиса во земјата на чудата”, исто така ќе биде прикажана на редовниот репертоар.