Основното училиште „Христо Узунов“ го одбележува патрониот празник
Повеќе од 4 децении продолжува успешната работа на оваа образовна институција. Пред нив има предизвици кои се надеваат дека успешно ќе ги решат со помош на Локалната самоуправа.
Основното училиште „Христо Узунов “ го одбележа патрониот празник и 114 години од херојската смрт на охридскиот војвода. Како што се гордееме со животот и делото на нашиот патрон Узунов така сме горди и на успесите кои ги постигнуваат нашите ученици под раководство на нивните ментори , нашиот наставен кадар, вели по тој повод Оливија Пирузева Јанева директор на ова ОУ.
„ Не само во минатата година туку скоро 44 децении , колку што постои нашето училиште. Продолжуваме во континуитет со нашите успеси, пред се со успесите на нашите ученици и наставниците, она што е наша определба.Но, и со напорите да се подобруваат условите за работа во училиштето,“напоменува директорот Јанева.
Раководниот тим на школото минатата година со сопствени средства адaптирал фускултурна сала за учениците од одделенска настава, а уредиле и други катчиња.Пред нив има нови предизивици кои се надеваат дека успешно ќе ги совладаат со помош на Локалната самоуправа.
„Целта е да го обновиме училиштето. Сакаме да го реновираме кровот кој е азбестен ,а тоа е голема инвестиција.Исто така, голем зафат е обновувањето на дограмата “, вели Јанева.
Во ОУ „ Христо Узунов“ во моментов учат 1200 ученици од од 1 до 9 одделение, а училиштето го има целокупниот потребен наставен кадар.