Нов Мега маркет на МИСА во Струга
МИСА им излегува во пресрет на потрошувачите со огромен асортиман на производи на 900 метри квадратни и сопствен паркинг простор.Станува збор за домашна инвестиција, која отвори нови 40 вработувања, шести по ред маркет во ланецот Миса
Започна со работа новиот мега маркет „Миса“ во Струга. Современиот маркет се наоѓа на влезот од Струга во близина на автобуската станица. Распослан на 900 метри квадратни е еден од најголемите маркети во регионот.
Се на едно место. Трговскиот објект располага со сопствена месарница, рибарница, пекара,слаткара, зелен пазар. За брзиот современ живот се подготвуваат и готови јадења. Се е свежо подготвено на лице место, велат сопствениците.
„Отворен е „Мега Миса“во Струга со поголема понуда за стружаните и за околината. За да може сите да испазарат се што посакуваат на едно место. Значи имаме свежо месо, свежа риба, печиме пецива секојдневно, леб. Понудата е широка да се пазари буквално се што е потребно на едно место“, вели Никол Николоска шеф на смена.
Огромен асортиман на производи од храна до козметика, детски играчки, по најниски цени и голем број изненадувања и подароци за потрошувачите организирани преку викенд акции.
„Има паркинг. Отворени сме од 7 ч наутро до 22 навечер. Работиме од понеделник до недела. 0122 Потрошувачите се презадоволни маркетот е вистина светски маркет. Добиваме многу пофалби. Маркетот е нов, се е чисто и беспрекорно средено. Сите сме задоволни и потрошувачите и ние вработените“, вели Николоска.
Станува збор за домашна инвестиција која отвори нови 40 вработувања. Ова е шестиот по ред маркет од ланецот „Миса“.Пет во Струга и еден во Охрид. Менаџерите велат нивната тендеција е проширување на пазарот и отворање на нови маркети и на други локации.