Skip to main content

Делегација на Фронтекс во посета на Македонија

Висока делегација на Фронтекс – Европската агенција за управување со оперативната соработка на надворешните граници на земјите членки на ЕУ, од денеска престојува во Македонија.

logo
лого
Висока делегација на Фронтекс – Европската агенција за управување со оперативната соработка на надворешните граници на земјите членки на ЕУ, од денеска престојува во Македонија.

FrontexДелегацијата на Фронтекс ја предводи извршниот директор на Агенцијата, Илка Лаитинен, кој ќе се сретне со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Главна тема на разговорите ќе биде областа на граничното управување, како и презентација на организационата поставеност и улогата на Граничната полиција во Македонија и капацитетите на Националниот координативен центар за гранично управување.

На средбата меѓу Јанкулоска и Лаитинен се очекува да бидат договорени повеќе конкретни видови на соработка.

Инаку, ова претставува прва официјална посета на највисока делегација на Фронтекс по склучувањето на Работниот договор меѓу Агенцијата и Република Македонија во јануари годинава. 

 

{loadposition content9}