Општина Охрид го одбележа Денот на Европа
Беше испратен повик за зачувување и негување на општите човекови и хуманистички принципи. Градоначалникот Константин Георгиески испрати порака победата над фашизмот да ни биде водилка во пребродување на пречките и проблемите на патот кој води кон Европското семејство.
Се одбележа 9 мај Денот на Европа на пригоден начин во општина Охрид. Нашата желба и надеж е дека во спроведување на реформите вродуваат со плод и дека РС Македонија наскоро ќе биде рамноправен член на европското семејство, рече градоначалникот Константин Георгиески во обраќањето пред присутните. Охрид како крстосница на цивилизациите и столб на кој е изградена Европската унија е место од каде испраќаме повик за зачувување и негување на општите човекови и хуманистички принципи, рече Георгиески.
„ Ние сме се чувствувале и се чувствуваме како дел од Европа каде што природно припаѓаме. На пречките кои ни се поставија во минатото како проблем им се посветивме и најдовме решение. Станавме пример на држава која се соочува со предизивици и постигнување на зацртаните цели за сите останати. Работиме на реформите и ги вградуваме европските стандарди. Сето тоа ни дава за право да реагираме кон процесот на евроинтеграциите“, истакна Георгиески.
Претставници од охриските училишта говореа за нивните досегашни искуства при користење на Еразмус плус проектите од Европската унија. Тоа е програма која ја потикнува мобилноста на учениците и наставниците во образовниот процес. Програмите се реализираат преку европската агенција за образовни програми и им се овозможува на учениците и наставниците престој за размена на искуства во сродни институции за кои се едуцираат во текот на образовниот процес.
„ Сега засега само учениците од здравствената струка можеа да присуствуваат на практична настава во престижни установи во Мадрид , во дом за згрижување на стари лица и во Софија во Александровата болница. Искуствата што ги донесоа дома се драгоцени. Нема да сонуваат за Европа таа им е сега достапна. Можат да ги видат условите како се работи, кака се постигнува еден норматив за да бидеме дел од Европското семејство и ќе го применуваат знаењето овде“, сподели искуства Славица Костоска, директор на СОУ „Св. Крил и Методиј“ од примената на Еразмус плус програмата на нивни ученици и професори.
Од Охрид беше упатена и порака победата над фашизмот да ни биде водилка во пребродување на пречките и проблемите на патот кој води кон Европското семејство.
Наскоро да ги почнеме договорите и следната година на 9 мај да зборуваме за нашиот напредок на патот кон Европската унија.
Свечена нота на настанот му даде и настапот на градскиот хор Vox Lihnidos.