Skip to main content

Минарето на Али Пашината џамија продолжува да се гради, а Михаил Трендафилов Нанче , претседателот на ЗГ „Совест“ поднесе оставка од функцијата

На прес конференција обвини дека политиката замешала прсти и не се почитува правната држава. Бараат итна одлука од која ќе зависат нивните понатамошни активности .

 |  Валентина Неловска  | 

Во знак на морална одговорност заради фактот што и понатака нелегално се гради минарето на Али Пашината џамија, Михаил Трендафилов Нанче поднесе оставка од функцијата претседател на ЗГ „Совест“. На прес конференција Нанче кажа дека се разочарани од непостапувањето на институциите од кои бараат спроведување на законот за нелегалната градба.


„ Згрешивме сметајќи дека тие се оние кои кочат. За жал доцна сфативмe дека не е проблемот во непостапување на институциите туку во замешанноста на политиката. Бевме наивни го откажавме масовниот протест со цел мирно да поминат изборите. Додека очекувавме да завршат работите се прошири вест дека сме се испазариле за работите да продолжат. Смешно да не е тажно и срамно“, рече при тоа Нанче.

Михаил Трендафилов Нанче упати потсетување до премиерот Заев на неговото ветување на средбата која ја имаа пред изборниот процес дека лично ќе се заземе во проблемот со градбата на минарето. Бараат итна одлука од која ќе зависат нивните понатамошни активности како ЗГ „Совест“ бидејќи и понатака институциите се инертни.

„ Од Градежниот инспекциски Совет нема одговор, а од Државниот градежен инспекторат добивме одговор дека немаат издадено налог за запирање на работите. На толку перфиден и циничен начин одговараат што е жално. Сите институции си ги знаат надлежностите, но се под некаков политичи притисок. Почна со Вмро, а завршува со СДС“, рече Нанче на денешната прес конференција.

Од Совест потсетуваат дека скоро три години бараат институциите да ги почитуваат законите во државата и културното наследство во Охрид. Потсетуваат на нивниот предлог на местот каде што нелегално се гради Али Пашината џамија да се изгради Меморијален центар на културите.