Во чест на Меѓународниот ден на пчелата се одржа словенечко-македонски појадок
Настанот се одржа во ОУ „ Братство Единство“ во Лескајца каде што се зборуваше за значењето на пчелата. Беа упатени пораки да се негуваат човечките вредности и да се почитува природата.
Во охридското училиште „Братство Единство“ се одржа македонско- словенечки појадок во знак на одбележување на Меѓународниот ден на пчелата. Од минатата година на иницијатива на Словенечкотo министерство за земјоделие 20 мај се одбележува како светски ден на пчелата. Нашата земја е поддржувач на овој ден на традиционалнитe пријатели од оваа земја. Мултиетничкото основно училиште Братство-Единствo беше домаќин на настанот. По тој повод , Џемал Мехмед , директор на ОУ ги поздрави гостите, амбасадорот на РС Милан Јазбец, словенечкиот министер за земјоделие Александра Пивец, македонскиот мининистер за земјодели Љупчо Николоски, почесниот конзул на Словенија, Шенол Исмал, Живка Ангелоска, претседател на Советот на град Охрид.
„ Ова е ден кога нашата мултиетничка заедница е почестена од вашето присуство. Колку нешто мало како пчелата може да биде причина ние тука да бидеме заедно“, рече директорот Мехмед.
Од името на охридскиот градоначалник Константин Георгиески и од свое лично име добредојде на гостите им посака Живка Ангелоска, претседател на Градскиот совет. Ангелоска кажа дека Локaлната самоупрaва секогаш дава поддршка на пчеларските здруженија, кои понатака директно се во контакт со одгледувачите на пчели и медопроизводителите.
„ Ваквите настани имаат посебна важност во акцентирањето на работите кои се значајни за животната средина, одржливоста и здравјето на луѓето“, напомена меѓу другото Ангелоска.
На заедничкиот појадок гостите, вработените и учениците има можност да појадуваат природен мед. Дел од манифестацијата беше и охридското здружение на пчелари кое се заблагодари за ангажманот и придонесот на словенечките пријатели во одбележување на денот на пчелата.
„ На Светскиот ден на пчелата е важно да се потенцира важноста на пчелата, нејзиниот придонес и значење за човекот и природата“, рече во своето обраќање Тони Јосифоски, претседател на здружението.
Од минатата година, за прв пат во светот се одбележува 20 мај како ден на пчелата, рече и Александра Пивец , словенечкиот министер за земјоделие. Таа потсети колку пчелите се значајни во животот на човекот. Секојдневно треба да ги учиме децата колку се важни овие инсекти за човечкиот род, истакна Пивец.
„ Важно е да ги заштитиме пчелите.Тие се важни во целиот свет. Имаат важност во безбедноста на исхраната “, рече Пивец.
Денес, сите ќе се запознаеме со некои факти кои се однесуваат на пчелите, медот и медните производи. Децата ќе научат колку медот е важен во текот на нивниот развој, но и за пчеларството кое е гранка со долгодишна традиција од античките времиња, потсети и Љупчо Николоски, македонскиот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство.
„ Кога размислуваме за земјодлството невозможно е да го замислиме без пчелите. Тие се најголемите опрашувачи. Медоносните пчели имаат големо биолошко значење ги опрашуваат земјоделските култури и даваат непроценлив придонес во екосистемите во светот“, кажа Николоски.
Милан Јазбец, амбасадорот на Р. Словенија во нашата земја на учениците од ОУ „Братство Единство“ им упати порака да бидат вредни како пчелките.
„ Сите ние сме биле деца со амбиции и соништа. Следете го својот сон и направете се за тој да Ви се исполни“, им кажа на основците од ова училиште амбасадорот Јазбец.
Основците од училиште од „Братство- Единство“, го збогатија одбележувањето на Меѓународниот ден на пчелата преку песна и посебна кореографија облечени во обележја на овој медоносен инсект без кој човечкиот вид не би постоел.