Skip to main content

РЕГИОНАЛНА ФОЛКЛОРНА РЕВИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ОСМИОТ РЕГИОН ВО ВЕВЧАНИ

Вчера, понеделник 20 мај 2019 год.во Домот на културата во Вевчани се одржа 17-та по ред фолклорна ревија на песни,музика и игри на Здруженија на Пензионерите  од осмиот регион, Охрид, Кичево, Струга, Гостивар, Македонски Брод и домаќинот Вевчани.

 |   | 

На ревијата настапија околу 300 фолклористи и инструменталисти од југо-западниот дел од републикава со свои етно-фолклорни напеви од своите подрачја.Ревијата на која присуствуваше и претседателката на СЗПМ Станка Трајкова, ревијата за отворена ја прогласи претседателот на Сбранието на СЗПМ Илија Адамоски.За успешниот настап на фолклорните групи ,претседателот на Комисијата за спорт при СЗПМ Магдалена Кироска им врачи Благодарници.Стручното жири на ревијата ќе избере две најдобри фолклорни групи која ќе настапат на Републичката ревија која на 7 јуни ќе се одржи во Скопје.

Во рамките на ревијата беше отоврена и изложба на стари вевчански етно носии лично изработени од Лубица Лешоска. Учеството на ревијата, беше повод претседателката на СЗПМ Станка Трајкова да оствари средба со градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски,кои разменија мислења и искуства од досегашната соработка на Локалната самоуправа на општината Вевчани и ЗП Вевчани ,која беше оценета како многу успешна.