Патарината „Арбиново“ од автпатот Кичево-Охрид опфатена со тендерот на владата
Владата го распиша тендерот во вредност од 15,3 милиони евра за изградба на трите нови патартини „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци – Штип, како и „Арбиново“ на автопатот Кичево – Охрид.

Сумата е обезбедена со заем од Европската банка за обнова и развој, а во истата влегуваат и трошоците за обезбедување електронска наплата кај рампите „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“ меѓу Скопје и Гостивар.
Операторот треба да биде познат до октомври, а најмногу за 12 месеци да се изградат 3 – те нови патарини и да се примени електронската наплата.