Skip to main content

ИААФ подготвува 1500 допинг тестови

Организаторите на Светското првенство во атлетика, кое во август месец ќе се одржи во Берлин, најавија дека за време на првенството ќе се направат 1500 допинг тестови.

 |  Крсте Голабовски  | 
atleticari
атлетичари
Организаторите на Светското првенство во атлетика, кое во август месец ќе се одржи во Берлин, најавија дека за време на првенството ќе се направат 1500 допинг тестови.

logoТрошоците на тестирањате ќе изнесуваат околу 408.000 долари, а процедурата ќе биде направена од 16 меѓународни судии.

„Добро сме подготвени за можните допинг случаи. Контролите ќе бидат многу чести“, зе наведува во соопштението на организациониот комитет.

Исто така соопштено е дека половина од влезнивите, некаде околу 250.000 од нив веќе се продадени. Светското првенство ќе се одржи од 15-23 август во Берлин.

 



{loadposition content9}