КУД “Дримкол” на ЦИОФФ Фестивал во Пермет, Албанија
КУД “Дримкол” Вевчани овие денови македонскиот фолклор и традиција ги презентира пред публиката во Република Албанија во градот Пермет, град во кој датираат зачетоците на фолклорот во Албанија.
КУД “Дримкол” Вевчани овие денови македонскиот фолклор и традиција ги презентира пред публиката во Република Албанија во градот Пермет, град во кој датираат зачетоците на фолклорот во Албанија.
Од 21 до 23 овој месец се одржува меѓународниот фолклорен фестивал во организација на ЦИОФФ на кој КУД Дримкол Вевчани е претставник од нашата држава.
– „Прв пат сме на фестивал во Албанија и навистина сме пријатно изненадени од целокупната организација на фестивалот, топлиот пречек и гостопримство кои ни се укажуваат овие денови. Особено не радуваат рекациите на публиката кон македонскиот фолклор кој го прифаќаат со воодушевување и уживаат секоја вечер на отворената летна сцена во центарот на градот” – изјавија од канцеларијата на КУД Дримкол. Ова е трето учество на меѓународен фестивал овој месец после учеството на фолклорните фестивали во Краљево, Србија и фестивалот Св. Тројца во Долно Лисиче, Скопје.
По завршување на овој фестивал, КУД Дримкол продолжува со своите концертни активности на охридско-струшкото крајбрежје, подготовка за учество на Балкански фестивал во Охрид како и подготовки за денови на Македонската култура во Истанбул, Р. Турција.