Skip to main content

Државниот врв подготвува стратегија за спорот со името

Македонскиот државен врв денеска ќе одржи прва консултативна средба за преговорите за спорот со името што Македонија и Грција го водат под покровителство на Обединетите нации.

Ivanov i Gruevski
Иванов и Груевски
Македонскиот државен врв денеска ќе одржи прва консултативна средба за преговорите за спорот со името што Македонија и Грција го водат под покровителство на Обединетите нации.

Ivanov i GruevskiПретседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, македонскиот преговарач во спорот амбасадорот Зоран Јолевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски состанокот ќе го одржат во новиот Кабинет на Иванов, во вилата „Анекс“ на Водно.

Преговорите кои ги води посредникот Метју Нимиц веќе подолг период се во мирување. Се очекува средбите да се активираат по јунските избори за европскиот парламент во Грција.

По последните средби на државниот врв во Брисел, како и по најновите иницијативи од страна на САД, станува извесно дека меѓународната заедница сака што поскоро да го затвори прашањето за името.

 

{loadposition content9}