Skip to main content

Атлетичарот Јован Стојоски го подигна рејтингот на атлетскиот клуб Охрид

Со  неговиот  резултат од Шведска постигна историски успех пласирајќи се во финале на Европското првенство.  Јован Стојоски дојде од клубот Цревен ѕвезда од Белград и ги мотивира останатите охридски атлетичари да не заминат. Клубот нема тренер и бара спонзор кој  нема да дозволи  клубот да згасне.   

 |  Валентина Неловска  | 

Јован Стојоски од АК Охрид на Европското првенство во Шведска, за прв пат во историјата македонската атлетика се пласира во финале и го освои 6 -то место на 400 метри. На сениорскиот куп во Охрид, охридските атлетичари во машка конкуренција се пласираа на 2, а жените на 3 место. Последните спортски резултат на атлетичарите даваат надеж дека охридската атлетика нема да згасне. Атлетичарот Стојоски дојде од клубот Црвен ѕвезда од Белград и ги мотивира останатите охридски атлетичари да не заминат од клубот и го подига рејтингот на клубот, вели Пецо Неданов претседател на УО на АК. Додава дека атлетскиот клуб Охрид, некогаш најактивниот спортски клуб со над 100 атлетичари, сега е сведен на едвај десетина спортисти и се бори за опстанок.

 

„ За жал имaме проблем со тренер. Клубот остана без тренер. Имавме, но немавме средства да го плаќаме. Децата импровизираат тренинзи , тренираат по програма кој како ќе има ја подготви“, споделува Неданов за состојбите во АК Охрид.

По успехот на Јован Стојоски, Агенцијата за млади и спорт на атлетскиот клуб му доделил ваучер во износ од околу 400.000 денари. Пари наменети за спонзорот на клубот кој ќе добие даночно ослободување.

„ Потребно е да најдеме спонзор кој данокот на добивка би можел да го плаќа наместо на државата на клубот. Тој ќе ни биде и генерален спонзор кој ќе има и реклама“, подвлекува Неданов.

За добро функционирање на атлетскиот клуб Охрид  се доволни околу 10.000 евра годишно, вели Пецо Неданов. Контактирале неколку охридски фирми од кои очекуваат повратен одговор,а исто така се надеваат и на помош од Локалната самоуправа.