Извештај на ЕК за визната либерализација
Европската комисија (ЕК) денеска треба да го објави извештајот во кој ќе биде содржана комисиската оценка за реформите неопходни за визна либерализација на земјите од западен Балкан.
пасош

Преку извештајот, се очекува ЕК да ги информира земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), дека Македонија е меѓу земјите што најдобро напредуваат во реформите за укинување на визниот режим.
Денешниот извештај на ЕК, ќе биде доставен на земјите-членки на ЕУ па дури потоа, откако ќе заврши консултацијата со европските престолнини, ЕК ќе објави извештаи што би требало да содржат препораки за укинување на визниот режим за некои земји.
Претставниците на земјите-членки, своето мислење зад затворени врати ќе го соопштат на 25 мај на состанок во Советот на министри.
Во очекување на ставовите на земјите-членки, ЕК одбива да шпекулира што ќе содржат идните извештаи, кога ќе бидат објавени и какви ќе бидат нивните препораки.
Сепак, доколку препораките бидат позитивни, Македонија може да очекува дека шенгенскиот ѕид ќе падне во првата половина на 2010 година.

{loadposition content9}