Skip to main content

Божиноски: „Европски“ Охрид треба да има нула отпад

Божиноски: „Европски“ Охрид треба да има нула отпад.

 |  Валентина Неловска  | 

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески и натаму одат спротивно препораките на УНЕСКО за Охрид. „Европски“ Охрид треба да има нула отпад. Но, се случува сосем спротивното, истакнаа денес на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинија дека ЈП „Охридски Комуналец“ на незаконски начин депонира отпад на Мауцкер, рече Перчо Божиновски, портпарол О.К. ВМО – ДПМНЕ.



„ Власта на СДСМ се однесува неодговорно и на незаконски начин депонираа отпад и ѓубре на Мауцкер. Рано наутро без контрола се депонира градежен, но и комунален отпад од страна на ЈП „Охридски Комуналец“. Депонијата Мауцкер пред околу десет месеци, како што се пофалија тогаш од Општината и Јавното претпријатие, беше расчистена, а за таа цел беа потрошени два милиони денари.

„Очигледно дека бизнис тендерите се поважни и зборот не важи, па токму оние кои тоа го велеа, денеска повторно одлагаат отпад на Мауцкер“, обвини Божиноски.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го потсетија градоначалникот Георгиески на ветувањето во иднина локацијата тековно да се одржува односно да се следи ситуацијата за да се спречи повторно одлагање отпад на тоа место.Божиноски го посочи и проблемот со чадењето на депонијата кај Буково.

„Во екот на туристичката сезона веќе две недели гори и чади депонијата кај Буково. Власта очигледно не е во можност да се справи со запалената депонија веќе две недели. Покрај сериозниот проблем со дивоградбите создадени од урбаната мафија и негрижата оваа Локална власт не може да се справи ниту со депонии.

Божиноски на адреса на СДСМ и Георгиески упати обвинување дека  бизнис интересите и новите возни паркови им се повисоко на листата на приоритети од заштитата на Охрид, додавајќи дека на ваквата Локална власт местото и е на буништето на депониите.