Зголемен број на ноќевања во студенскиот дом
Со сопствени средства студенскиот дом Никола Карев набави 24 лед телевизори со кои се опремија исто толку соби. Вработените во домот се трудат и оваа година да понудат што подобри услови на сместување на гостите кои се повеќе избираат да престојуваат во домот.
Сместувачките капацитети во државниот студенски дом „Никола Карев“ се исполнети над 80 проценти. Домот во месеците јули и август работи комерцијално, а ова лето се очекува да е една од најдобрите години досега според резултатите од бројот на реалзирани ноќевања. Изненадувачки има голем интерес од странските гости за резервирање на соби во домот, информира Жарко Куциноски, директор на ДСД „Никола Карев“.
„Во студенскиот дом има подобрување на условите. Поставен е безжичен интернет во целиот студенски дом, инсталирана е кабелска телевизија, набавени се нови лед телевизори со кои ќе им се подобрат условите за престој не само на студентите туку и на туристите во СД „ Никола Карев“, вели Куциноски.
Директорот на ДСД „Никола Карев“ информира дека се опремени 24 соби со исто толку лед телевизори кои се набавени со сопствени средства. Нивните идни планови се поголеми градежни зафати околу реновирање на објектот. Од наесен се планира замена на надворешната и внатрешната дограма, но и промена на системот за греење со кој се затоплува домот во зимските месеци.
„ Очекуваме финансиска поддршка за планираните проекти. Наскоро се очекува да биде потпишан меморандум за соработка меѓу Министрството з а финансии, Министерството за образование и наука и германската KWF банка кои ќе не поддржат во подобрување на енгергетската ефикасност на студенските домови во земјава“, вели Куциноски.
Државниот СД „Никола Карев“ располага со 231 легла во 86 соби, од кои 23 двокреветни , 51 трокреветни, 8 четирикреветни. За комерцијално работење во летните емсеци нуди поволни цени за сметсување на надворешни гости. Едно ноќевање чини 400 денари, а полнпансион 910 денари. Објектот е изграден во 1964 година како депанданс на хотел Палас. Од 1998 година со одлука на Владата функционира како студенски дом.