Од ТППЕ годинава очекуваат зголем број на пожари
Според статистичките податоци најголем број на пожари се случуваат во месеците март и август. Од ТППЕ посочуваат на потребата од подигање на противпожарната култура кај граѓаните .
Последниот пожар на кој интервенирале охридските пожарникари се случил на куќа во центарот на село Пештани. Околу падне , вчера ТППЕ со 2 возила и 8 пожарникари за многу кратко време успешно ликвидирала пожар кој поради збиеност на куќите лесно можел да се прошири и да предизвика катастрофа. Опожарената куќа била стара и напуштена, а причината за пожарот допрва ќе се утврдува. Територијалната противпожарна единица деновиве со 6 возила и 40 пожарникари беше ангажирана околу обезбедување на културните манифестации што се одржуваа во Охрид. Пожарникарите со 3 возила биле ангажирани на СРЦ Билјанини извори, со 2 кај Касарна и 1 на Антички театар и за среќа се протекло без проблеми, вели Спасе Прентоски, командир на ТППЕ. Но, апелира за во иднина да се води сметка за календарот на настани.
„Претходните 4 дена бевме преокупирани со обезбедување на сите културни манифестации и Охридско лето. Се справивме, бевме вонредно ангажирани. Но , во иднина институциите кои дозволуваат настани да се склучуваат во 2 -3 дена да земат во предвид дали ние како противпожарникарска единица со таква кадровска екипираност може да одговориме на тоа“, посочува командирот на ТППЕ.
Од ТППЕ очекуваат годинава, да се надмине бројот на интервенции на пожари од лани. Споредено со минатата година кога имале 286 интервенции, а до јули годинава интервенирале на 14 пожари повеќе. Прентоски, вели, радува податокот што во второто тромесечие и половината од 3 -то тромесечие месец до месец јули е намален бројот на пожари на отворен простор. Од ТППЕ посочуваат од потребата за подигање на противпожарната култура кај луѓето. За таа цел заедно со секторот за превенција од пожари од СВР оствариле средби со жителите од повеќе руралните средини од општина Дебрца. Прентоски напоменуваат дека ќе продолжат со започнатата едукација на мештаните. Апелира граѓаните да не посегнуваат по палење на стрништата и површините по завршување на жетвата заради опасност од проширување на поажрите на отворено.
„ Најголем број од пожарите се случуваат по завршување на зимата во месец март при палење на сувата вегетација, а во лето најголем број на очекувани пожари се во месец август. Според статистиката март и август се најкритичните месеци бидејќи тогаш се пали сувата вегетација и стрништа, но и по завршување на жетвата и ожнеаните житарици“, вели Прентоски.
Охридските пожарникари од почетокот на годината до сега изгаснале 273 пожари во Охрид и Дебрца. 101 интервенција имале на објекти, 159 на отворен простор, а преостанатите 11 биле на моторни возила, информира Спасе Прентоски командир на ТППЕ.