Skip to main content

Велосипедистите на „Џиро“ во штрајк!

Британецот Марк Кавендиш победи на контроверзната 9 етапа од велосипедската трка околу Италија, популарниот Џиро, а на врвот во генералниот пласман нема поместувања бидејќи организаторот одлучи да ја поништи од натпреварувачки аспект.

 |  Крсте Голабовски  | 
Giro
Џиро
Британецот Марк Кавендиш победи на контроверзната 9 етапа од велосипедската трка околу Италија, популарниот Џиро, а на врвот во генералниот пласман нема поместувања бидејќи организаторот одлучи да ја поништи од натпреварувачки аспект.

Usein BoltЕтапата се возеше во градот Милано во должина од 165 километри (10 круга по 16,5 километри), а во знак на протест против слабата безбедност, велосипедистите по четири круга на чело со водечкиот Данило ди Лука, застанаа. Ди Лука зеде микрофон и во име на сите, на навивачите им објасни што е проблемот. – Во првиот круг видовме дека патеката не е безбедна. Имаше коли паркирани на среде улица, сообраќајни острови, трамвајски линии. Не сакаме веќе да го ризикуваме своето здравје. Патеката е преопасна и крајно време е да го подигнеме гласот. Задоволни сме што организаторите го прифатија нашето барање да се избришат времињата од денешната етапа – изјави Ди Лука.

Однесувањето на велосипедистите не наиде на одобрување. Поранешниот светски првак Марио Чиполини кој сега е советник во ИСД, беше еден од критичарите. – Денеска Милано беше блокирано само поради нив и во никој случај не смееја да го сторат ова. Ова на што бевме сведоци денеска не е велосипедизам. Ми доаѓа на памет споредба со скијањето. Дали некогаш скијачите да се жалат ако снегот им е претврд или патеката е замрзната – рече Чиполини.

Во Милано каде што се возеше, има многу тесни свиоци и нерамнини кои често се пресекуваат со шини за трамваи. Протестот веројатно беше инспириран од падот на Шпанецот Педро Ориљо кој на претходната етапа потешко се повреди откако падна во бездна длабока 60 метри. Сега 34-годишниот Ориљо се разбуди од кома и се наоѓа во стабилна состојба. Трета етапа по ред прв низ целта минува возач на тимот Колумбија. Втор беше Алан Дејвис, а трет Тајлер Фарар. Сите 190 возачи заедно во група минаа низ целта. Во генералниот пласман водечкиот Ди Лука има 13 секунди предност пред Томас Ловквист и 44 пред третиот Мајкл Роџерс. Вчера беше слободен ден, а денеска трката продолжува со тешката 10 планинска етапа која е долга 262 километри. „Кралицата на сите етапи“ од Кунео до Пинероло најмногу им одговара на велосипедисти како Иван Басо и Џилберто Симони кои се специјалисти за искачување.

 

{loadposition content9}