Итната помош со зголемен број на повици, прегледи, ургентни ситуации
Во услови на високо екстремни температури лекарите од Итна успешно стигнуваа секаде на време, вели првиот човек на Здравствен дом. Со набавката на новите возила и опрема ургентниот центар ќе го подигне на повисоко ниво квалитетот во работењето на нивната установа.
Лекарите од Итната медицинска помош и ова лето имаат полни раце работа. Екипите на ургентниот центар се справуваат со сите повици за лекарска помош, вели д-р Ајсел Зејноска директор на Здравствен дом.
„ Бевме во портокалова фаза. Службите функционираа турбо. Зголемен број на повици, прегледи, ургентни ситуации. Медицинските екипи квалитетно ја обавуваа работата на Итната медицинска помош, без застој“, напоменува д-р Зејноска.
Со набавката на новите возила и опрема ургентниот центар ќе го подигне на повисоко ниво квалитетот во работењето на нивната установа. Посебно се горди на новото санитетското возило купено со домаќинско работење од сопствени средства.
„ Ќе го зголемиме квалитетот на здравствената заштита на пациентите во градот, посебно во летните месеци кога е зголемен бројот на туристите и околните села. Ова е најново возило, за една класа подобро од сите, со хидрауличен бокс неопходен за безбеден транспорт на пациентите надвор од Охрид“, вели Зејноска. 2:06
Покрај набавката на возила и опрема за службите при Здравствен дом Охрид, медицинските екипи се засилени и со тројца нови доктори во Итната медициска помош, 3- ца доктори стоматолози и две медицински сестри, информира д-р Ајсел Зејноска.