Локализиран пожарот кај селото Опеница
Организирана е противпожарна стража на терен и во моментов се работи на ликвидирање на пожарот. На непристапен терен во гасењето на пожарот викендов учествувале над стотина луѓе меѓу кои и припадниците на просторните сили на општинскиот штаб за заштита и спасување на Локалната самоуправа. Пожарот уништи околу 50 хектари мешана шума, претежно борови стебла.
Локализиран и ставен под контрола пожарот во атарот на селото Опеница. Во моментов се работи на негова целосна ликвидација. За таа цел на терен се ангажирани лица од Македонски шуми од Охрид и Кичево, пожарникари и припадници на просторните сили на општинскиот штаб за заштита и спасување на единицата на Локалната самоуправа, информира Сашо Матлијоски , раководител на Дирекцијата за заштита и спасување.
„ Опасност од разгорување на пожарот постои затоа има континуирана противпожарна стража. Горе има луѓе кои сега се во постапка да го ликвидираат пожарот каде што е жариштето , каде што е чадот. Никој не може да каже дека не може да се појави. Испрскавме со два авиони и напртњачи, но горе има наслаги од лисја од дрвата и по 1 метар, горните слоеви се водени, но долните тлеат. Не е неможно, но има организирана стража која соодветно ќе интервенира“, вели Матлиоски.
Стотина лица на терен го гасеа пожарот кој избувна во саботата предпладне на планината над селото Опеница. Непогодните временските услови предизвикале потешкотии во справување со пожарот за 30 тина ваработени до Македонски шуми , па се вклучиле пожарникари и посебна единица од ЛС и специјални авиони канадери. На терен беше и градоначалникот Константин Георгиески.
На истиот потег пожар се гаснел и пред 3 години во истиот период, а опејнчани и овој пат беа вознемирени од пожарот.
„Стравуваме да не се прошири , преку река .Се гледаше чад, оган, планината гори најмногу бор кој се слушаше како пука “. Цело село ноќта ја поминавме надвор будни. На 100 метри , пожарот, слезе до селските гробишта, вели еден очевидец. Веројатно е подметнат ако човек не е болен не може да умре, смета друг мештанин.
Со акцијата за целосно ликвидирање на пожарот раководи командирот на ТППЕ Спасе Прентоски кој заедно со директорката на ЈП Македонски шуми се на мислење дека засега нема потреба од повторно вклучување на специјалните авиони во ликвидирање на пожарот, информираат од Дирекцијата за спасување и кризи.