Проаква ќе поднесе апликации за два проекти финансирани од ЕИБ
Проaква за да реализира два големи проекти до Министерството за транспорт и врски преку ЛС ќе поднесе проектни документации со кои ќе се побараат средства во висина од околу 5. 240 000 евра. Првиот проект се однесува за преземање на водите од Свинишките извори, а вториот за промена на филтрите на пумпната станица кај Метропол.
Водоснабдувањето на градот ќе се подобрува со два големи проекти. МЈП Проаква ќе го искорити повикот на министерот за транспорт и врски за аплицирање проекти со кои може да се искористат средствата од Европската инвестициска банка за подобрување на водводната и канализационата мрежа во општините во земјава. Владимир Алексијоски дир. на МЈП Проаква појаснува дека со првиот проект за преземање на водите од Свинишките извори,тежок 5 милиони евра , а изготовен заедно со Градежниот факултет од Скопје, ќе се реши водоснадувањето на селата од поранешната Коселска општина и на градот.
„ Со проектот е предвидено да се снабдуваат со вода сите населени места од поранешната општина Косел кои во моменетов имаат проблеми со воdoснабдувањето. Голем дел од нив сами го одржуваат водоводниот систем и имаат проблем со квалитетот на водата. Сите населени места ќе бидат снабдени со вода. Градот Охрид по гравитационен пад е планирано да добива 100 l/sec во централниот резервоар“, посочува Алексијоски.
Пари се потребни и за замена на филтрите на пумпната станица кај Метропол. Со нивна замена ќе се подобри квалитетот на водата со која сега се снабдуваат охриѓани.
„ Претставниците од израелската фирма Амијат беа изненадени како филтрите стари 30 години се сеуште во функција. За промена на филтрите имаме изготвено програма во висина од 240.000 евра и бараме средства за реализација на истиот кој е од големо значење за квалитетот на водата од пумпната станица кај Метропол“, вели Алексијоски.
Покрај овие проекти со кои ќе се бараат средства преку Министерството за транспорт и врски во тек се и активности за кои веќе се одобрени средства. Наскоро ќе отпочнат зафати за поставување и регулирање на контролни шахти за кои се одборени грант во висина од 2 милиони денари од Министерството за животна средина. Докрајот на оваа година ќе се интервенира на промена на пумпите и електриката на пумните станици во Метропол, Трпејца, Љубаништа и Св. Наум со грант од 20 милиони денари средства добиени од Агенцијата за рурален развој аплицирано преку Локалната самоуправа.