Нормализиран животот во неколку струшки села по синоќешното невреме
Од утрово екипи на ЕВН работеле на одстранување на дефектите по синоќешното невреме кое го зафати струшкиот регион по 23 часот.
Жителите од неколку струшки села останаа без струја и вода за пиење откако громови удриле на неколку трафостаници. Во мрак и без водосбабдување останаа жителите на селата Шум, Горна Белица, Вишни. До денес напладне, состојбата беше нормалзирана со напојување на електрична струја и вода за пиење, соопштува Атанас Ковачески, портпаролот на ЕВН.
Ковачески посочува дека невремето траело до раните утрински часови,а на струшкото небо имало големо електрично прзнење кое предизвикало проблеми со снабдувањето на електрична енергија , проблеми во трафостаниците, скинати проводници и оштетни столбови.