Во Охрид и Струга се одржува Меѓународна конференција за управување со цврст отпад
Во земјава годишно на депониите околу градовите завршуваат 700 тони комунален отпад. Постапките за изградба на регионални стандардни депонии се бавен процес за кој треба многу серизони реформи на многу нивоа, порача претседателот на Светската организација з а управување со цврст отпад.
Во Охрид и Струга се одржува Меѓународна конференција за управување со цврст отпад. Целта на конференцијата е да покаже дека бизнис заедницата и државните органи, вклучувајки ги невладиниот сектор и медиумите, се подготвени да комуницираат и соработуваат со една заедничка цел во заштита на животната средина. Во земјава годишно на депониите околу градовите завршуваат 700 тони комунален отпад според задолжитечните извештаи на комуналните претпријатија. Но, нема статистички податоци колкави количини електричен, елкстронски или пластичен отпад завршуваат на депониите, вели Даниела Нелепа претседател на Македонската асоција за управување со цврст отпад. Според неа недозволиво е да постојат диви депонии околу градовите.
„ Постои план во Македонија за затварaње на дивите депонии и отврање на регионални. Најблску до реализација има во Северо Источниот дел од Македонија , постојат планови и за другите 7 плански региони за да се затворат депониите. Охрид треба да ја затвори депонијата според препораките од Унеско следната година“, подвлекува Нелепа.
На меѓународната конфереција во регионов присуствува и Антонис Мавропулос претседателот на Светската организација за управување со цврст отпад.
„ Можам да речам дека сте на добар пат да се справите и да ги примените европските стандарди . Тоа е добра работа , но тој пат е навистина долг. Во Грција справувањето траше 30 години. Има многу напори и се потребни финансии и европска поддршка кој треба да ја добиете. Потребни се сериозни реформи од административен, законски и финансиски аспект на општинско ниво“, посочува Мавропулос , претседателот на Светската организација.
На 4 -та Меѓународна конференција за управување со отпад е со наслов „Комуницираме за управување со отпад“ присуствуваат странски гости од 10 држави. Во пресрет на националната конференција се одржа акција за чистење на Охрид и Охридското Езеро која се организираше под покровителство на ЕУ .