Skip to main content

Во Црвена Вода, Дебрца, се подготвува голема прослава на 3. Октомври, Денот на издавањето на Манифестот до македонскиот народ

Мештаните од село Црвена Вода, заедно со општина Дебрца, Организацијата на Сојуз на борци и Организацијата на ветераните од одбраната и безбедноста – за општините Охрид и Дебрца, интензивно се подготвуваат за големата прослава, на 3 октомври, по повод одбележувањето на Денот на издавањето на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, ден, кој се слави и како Патронен празник на општина Дебрца.

 |   | 

Мештаните од село Црвена Вода, заедно со општина Дебрца, Организацијата на Сојуз на борци и Организацијата на ветераните од одбраната и безбедноста – за општините Охрид и Дебрца, интензивно се подготвуваат за големата прослава, на 3 октомври, по повод одбележувањето на Денот на издавањето на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, ден, кој се слави и како Патронен празник на општина Дебрца.

Очекуваат масовно присуство, но и учество на највисоките државни раководители, за што испратија соодветни покани.

-Ќе бидат поканети и очекуваме присуство на амбасадорите акредитирани во Северна Република Македонија, посебно од земјите – сојузници во Втората светска војна, како Велика Британија, Русија, САД, но и земјите од поранешната југословенска федерација, вели претседателот на Месната заедница, Војдин Николески.

Наогајќи се суштински, веќе во НАТО, а чекајќи го формализирањето, на годинешната прослава, акцентот ќе биде ставен на воената соработка со сојузниците.

Во Црвена Вода, Англиската воена мисија при Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, со мајорот Џон Квеин, била сместена во училишната зграда, сега – Спомен дом. Во училишната зграда била сместена и печатницата “Гоце Делчев”, емисионата радиостаница, Главниот штаб и делови од ЦК на КПМ.

Митаноски потсетува дека во Манифестот се зборува и за соработка и пријателство и со бугарскиот, грчкиот и албанскиот народ.
Црвеновочани, имаат силна поддршка, пред се, од општина Дебрца. Испратија барање, а Советот им одобри финасиска поддршка во висина од 10 илјади евра.По распишан тендер, се уредува училишната зграда, која е Спомен дом на македонската револуционерна борба, со Спомен соби на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, како и на писателот Ванчо Николески.

Неговиот соработник, архитектот на теренот Игор Мартиноски, сака да биде поетичен како црвеновочанецот Ванчо Николески: “Училиштето ќе биде повторно убаво, цело и како јајце бело, исто како Ванчевото село – грутче бело”.

Соодветно се вклучени и раководствата на Организацијата на Сојуз на борци и Организацијата на ветераните од одбраната и безбедноста – за општините Охрид и Дебрца.

Една година (2013) на наше Барање од селото, Комисијата за култура при Собранието, прифати одбележувањето на овој ден да влезе во републичката програма на настани од национален интерес, но тоа не постана редовна практика.