Skip to main content

Средношколци од ОЕМУЦ Св. Наум Охридски на Macedonia Manufacturing Expo 2019

Ученици од насоката техничар за индустриска мехатроника ќе ги споделуваат искуствата од обавената пракса во охридските компании. Поканата доаѓа од Делегацијата на Германското стопанство во Република Северна Македонија.

 |  Валентина Неловска  | 

Во среда, ученици од Општинскиот електромашински училишен центар Св Наум Охридски ќе присуствуваат на настанот „ Macedonia Manufacturing Expo – 2019“ во Скопје. Над триесетина средношколци од овој центар ќе имаат можност да слушнат повеќе информации за значењето на дуалнот стручно образование, а исто така да земат учество и во дискусија. Настанот и поканата се во организација на делегацијата Германското стопанство во Република Северна Македонија. Покрај, средношколците од прва година, на настанот ќе бидат и неколкумина ученици од втора година, информира директорoт на ОЕМУЦ Сашо Недески.

„На панел дискусијата ќе се разговара за дуалното стручно образование од перспектива на приватниот сектор како и практичната обука по компаниите кои ја изведуваа феријалната пракса во месец јуни ученици од втора година од насоката техничар за индустриска мехатроника.Тие ќе бидат присутни и ќе говорат за да ги споделат своите исксуства од ОДВ и Костал “, вели Недески.

Охридските средношколци од стручното училиште ќе добиваат мотивација за да се вклучат во стопанството.Во рамките нa нaстaнот ќе има и презeнтација на регионалниот фонд од KWF банка, споделува Недески.

„ Германската банка планира да инвестира во образованието со што ние треба да сме подготвени за изработување на проекти за инвестирање во CNC машини и поскапа опрема за модернизација на наставниот процес“, нагласува Недески.

Инаку, Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија во април 2017 година започна со спроведување на програмата за дуално стручно образование во Северна Македонија “Skills Expert”. Целта на програмата е да им се помогне на компаниите од индустријата да обезбедат стручни и квалификувани работници преку спроведување на системски елементи од германскиот модел на дуално стручно образование. Во Германија  овој е докажан систем и претставува комбинација на теорија и пракса, при што посебен акцент се става на практичната обука во самите компании.