ПХВ младинците од ОО на Црвен крст одржаа дефиле под мотот Дефилирај не се фолирај
Младите охриѓани од основните и средните училишта испратија порака за соживот, толеранција и разбирање. Годинава младите од Црвен крст во рамки на програмата за хумани вредности реализирале 8 проекти со што помогнале на голем број наши сограѓани. 35 активисти од Програмата ПХВ добија благодарници.
Под мотото „Дефилирај не се фолирај“ се одржа марш во организација на ПХВ младинците на ОО ЦК. Во прошетката која се одвиваше од плоштадот Крушевска Република од Холандскиот парк зедоа учество голем број охридски основци и средношколци од сите општински училишта.
„ Ние денес испративме порака за соживот, толеранција, разбирање, почитување на разликите. Промоцијата на хумани вредности е програма со која 20 години на годишно ниво се обучуваат по 1200 млади кои прават проекти за доброто на заедницата“, напоменува Весна Терзиоска инструктор за ПХВ и потпретседател на ОО ЦК.
Младите охриѓани покажуваат голем интерес за вклучување во ПХВ програмата, но има можност за обука само за 35 младинци во текот на годината, кажува Терзиоска. Оние кои се приклучуваат во другит епрогарми едвај го чекаат нивниот ред да се приклучат кон оваа програма, додава Терзиоска.
„Охриѓани оваа година изработија 8 проекти со кои помогнаа на голем број наши сограѓни. Тие се за нас локални херои и го понесоа признанието и пехарот за ПХВ со кој значи направиле промена во заедницата“, вели Терзиоска.
На настанот кој изобилуваше со музика и танц беа доделени и 35 благодарници на младинците од програмата за промоција на хумани вредности. Во истото време низ целата земја младите упатија пораки под истото мото „Дефилирај не се фолирај“.