Данило Ди Лука прв во генерален пласман
Водечкиот Данило ди Лука победи во десеттата етапа на велосипедската трка Џиро ди Италија, со што ја зголеми својата впредност во вкупниот поредок.
Данило Ди Лука

Италијанецот се одвои од групата при крајот на етапата со должина од 262 км, најдолга во тринеделната трка, која го опфати и највисокото искачување во годинашното издание кон скијачкиот центар Сестриере. За време на етапата загина мотоциклист од придружбата што превезуваше фоторепортер.
Овогодишното Џиро, во кое понеделникот беше слободен ден, претрпе контроверзен удар ден претходно кога возачите заклучија дека етапата низ улиците на Милано е премногу опасна, па постигнатите времиња во деветтата етапа не се сметаат за генералниот пласман.
Пласман во десеттата етапа: Данило ди Лука (Италија/ЛПР) 6:30,43 ч.; Франко Пелиѕоти (Италија/Ликвигас) + 10 сек.; Денис Менчов (Русија/Рабобанк) + 10 сек; Карлос Састре (Шпанија/Сервело) + 10 сек. итн. Вкупен поредок: Ди Лука 44:11 ч.; Менчов +1,20 мин.; Мајкл Роџерс (Австралија/Коламбија) 1,33 мин.

{loadposition content9}