Skip to main content

Безбедна матурска вечер и во Струга

Полициските службеници организираа активности за мирно да  се прослави матурата.

 |  Билјана Колоска  | 
policaec
полицаец
Сообраќајни незгоди, физички пресметки, прекумерно козумирање алкохол. Ова е досегашното лошо  искуство од матурските прослави. За тоа да не се повтори и оваа година, полициските службеници и во Струга ќе превземат акција. Највеселата вечер нека биде запаметена таква, а не да премине во трагедија.

policaec„Апелирам до матурантите да не пијам алкохол, да не го нарушуваат јавниот ред и мир, доколку се во алкохолирирана состојба да не управуваат во возило„-вели Милчо Шумуликоски, виш инспектор ПС Струга.

Неѓу другото, полициските службеници порачуваат да се  не се прекршуваат  законските одредби. За време на деновите кога ќе се прославуваат матурантите, во градот ќе има засилено полициско обезбедување и зачестени инспекциски контроли.
За да не се наруши јавниот ред и мир и да се зголеми безбедноста во патниот сообраќај, денес полициските службеници од Струга, во рамки на проектот „Среќни и безбедни матурски вечери“ одржа состанок со советодавна група. На средбата учествуваа претставници од средните училишта, угостители, претставници на институциите кои вршат надзор на угостителските објекти како и невладини организации.

{loadposition content9}