Skip to main content

Treck me организираа промотивна рекреaтивна тура низ Галичица

Средно тешката пешачка тура во должина од 9 км се одвиваше на потегот на планинските села  Горно Коњско, Шипокно и Велестово. Прошетката по патеката со прекрасен видик кон езерото траеше три часа, а турата е дел од Проектот за локален и економски развој на Југозападниот регион поддржан од Светска банка.

 |  Валентина Неловска  | 

  

Четириесетина љубители на природата два часа беа дел од промотивнатa пешачка тура на атрактивната патека која води низ НП Галичица. Маја Чубриќ и Душица Матова, локални партнери од Treck me ја промовираа живописната, рекреaтивна тура која се протега над Охридското езеро во дoлжина од 9 км.

„ Турата почнува од селото Велестово води кон Шипокно, па кон Горно Коњско. Вообичаено место за одмор е добро позната тераса „Утарна “ од Горно Коњско која нуди домашна, традиционално подготвена храна. Имаме мала пауза и продолжуваме кон селата Шипокно и Велестово и на крај денот го завршуваме среќни и задоволни дома“, споделува Маја Чубриќ, за текот на едниот дел од рекреативната тура.
Покрај оваа патека има уште две лесни пешачки тури кои водат кон Вила Марта, кај Горно Коњско и трета тура во месноста Студино, исто така во Горно Коњско, каде што има посета на бачило и дегустација на сирење и домашна ракија.

Adventura trails се дел од проектите за промовирање на локален и економски развој на туризмот во Југозападниот регион од земјава. Пешачката тура во НП Галичица на потегот на планинските села Горно Коњско, Шипокно и Велестово е дел од 12 -те тури кои се организираат со помош на локалните партнери од Treck me ,информира Антонио Кузманоски од Туристичката агенција Веин инекс.

„ Тоа подразбира мапирање на турите, наоѓање на локални партнери кои ќе ги организираат турите, подготовка на промотивeн материјал, флаери, интернет страница. Интересот е доста голем. Засега, има најголем интерес од локалните гости од Македонија, но има и странци кои сакаат да присуствуваат на турите“, напоменува Кузманоски.

Прoектите за Локален економски развој на Југозападниот регион се во организација на Finance think , а се фиансиски поддржани од Светска банка и од македонската Влада.