19 пати на врвот на светот
Шерпасот Апа, искусен непалски планински водач, го урна сопствениот рекорд освојувајќи го Монт Еверест по 19. пат, јавија светските агенции .
Шерпасот Апа, искусен непалски планински водач, го урна сопствениот рекорд освојувајќи го Монт Еверест по 19. пат, јавија светските агенции .
Претставник на непалското планинарско здружение изјави дека Апа на највисоката точка на планетава стигнал рано утринава во придружба на неколку други алпинисти.
Шерпаскиот водач Апа (48), кој живее во близина на Солт Лејк Сити во САД, првпат се искачил на Монт Еверест во 1989 година и оттогаш тоа го прави скоро секоја година.Неговиот најголем ривал, шерпата Чеванг Нима, досега на Еверест се искачил 15 пати. Според планинарите мај е идеален месец за освојување на „покривот на светот“.
{loadposition content9}