Skip to main content

Претседателот Иванов во посета на Ватикан

Македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во официјална посета на Италија и Ватикан.

Gorge Ivanov
Ѓорге Иванов
Македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во официјална посета на Италија и Ватикан.

VatikanПретседателот Иванов во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ денеска претпладне ќе биде примен од папата Бенедикт XVI. Иванов попладне ќе оствари средба со претседателот на италијанскиот парламент, Џанфранко Фини.

Според најавите, в недела ќе се одржи чествување на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим.

 

 

 

 

 

 

 

 

{loadposition content9}