Skip to main content

Охридскиот Чинар (Platanus orientalis) прогласен за природна реткост

Со одлука на Министерството за животна средина потпишана од министерот Насер Нуредини, единечното дрво Чинар (Platanus orientalis) лоциран во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“, инаку дел од долгата историја на Градот, но и препознатлив дел од неговата туристичка понуда е прогласено за природна реткост.

 |   | 

Со одлука на Министерството за животна средина потпишана од министерот Насер Нуредини, единечното дрво Чинар (Platanus orientalis) лоциран во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“, инаку дел од долгата историја на Градот, но и препознатлив дел од неговата туристичка понуда е прогласено за природна реткост. Називот на природната реткост е „Чинар – Охрид“. Решението доаѓа по претходно изработениот елаборат за валоризација, санација и ревитализација на чинарот  на плоштадот „Чинар“ од страна на Општина Охрид и Одлуката на Советот на општина Охрид за потребата од прогласување на стариот чинар за природна реткост. Општина Охрид, односно Одделението за заштита и влијание врз животната средина има доставено комплетна документација до Министерството за животна средина и просторно планирање со барање за правна заштита, согласно Законот за заштита на природата, на уште шест чинари  и еден кочеџик , кои се наоѓаат на територијата на општина Охрид. Од локалната очекуваат Министерството за животна средина во најкраток рок позитивно да се произнесе и по однос на ова барање. Покрај охридскиот чинар з со решение донесено од министерот за животна средина и просторно планирање а нови природни реткоски прогласени се уште и Киселичката пештера, Дабот благун во село Бели, Црната дудинка од Лесново и Карактеристичен геолошки профил  Звегор.