Skip to main content

Учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Пиштошески“ постигнаа резултати на два меѓународни натпревари во неколку диспциплини

На Гастромак Охрид освоија две медалји, а на Гатус во Пореч три, две срберени и една бронзена. На меѓународните натпревари по готварство учениците потврдија дека не заостануваат зад моменталните трендови во нивната професија и поседуваат знаења и умешност по готварство.

 |  Валентина Неловска  | 

Со учество на два меѓународни натпревари ученици од ДУТ „Ванчо Питошески“ му донесоа забележителен успех на школото. Освоија пет сребрени и бронзени медајли во неколку дисциплини. На натпреварот Гатус во Пореч учествуваа 9  мина ученици во конкуренција од 13 Балкански држави. Се вратија дома со две сребрени медалји во дисциплините барменство и поставување маса и туристички аранжман, а бронза добија за готварство и слаткарство. На домашен терен пак , на Гастромак Охрид , исто така, претставници од школото постигнаа забележителен резултат. За подготвување на паста заработија сребро, а се закитија со бронза за специјалитет од риба. Плакета добија за подготовка на пилешко месо, информира задоволно Блаже Јорданоски професор по готварство, кој ги предводеше на Гастромак Охрид.

„Последниот натпревар покажува дека сме тука во трендовите кои се во моментов популарни. Се трудиме да направиме јадења кои се несекојдневни, да учествуавме и да освоиме медалји ако е можно“, додава Јорданоски за успехот постигнат на Гастромак.

Денес, во кабинетот поготварство во средното школо учениците подготвуваа ризото и паста. Младен Тодороски, ученик во 3 година од смерот угостителски техничар , вели во нивната професија постојано е добро да се надградуваат, а одлична можснот е да се црпат искуства од меѓународните гастрономски натпревари.

„ Може многу да се научи. Во нашата струка има многу работи да се учат , ден по ден нешто ново учиме“, вели Тодороски.

Ученикот по готварство Алија Мамудоски, вели дека кулинартството премногу го интересира и сака постојано да го открива богатиот свет на гастрономијата.

„Учам од професорите , хотелските кујни каде што одиме на пракса , од интернет, од онаму каде што можам да научам нешто ново , од секаде. Јас себе  си  сегледам во иднина како главен кувар„кажува Мамудоски.

Блаже Јорданоски професорот по готварство, споделува податок дека во последните години дури 70 проценти од нивните завршени ученици остануваат да работат во струката. Професорот Јорданоски, нагласува дека сепак на младите угостители од сите профили им треба поддршка од социјалните партнери за нивно поуспешно вклопување во процесот на професионален ангажман.