Угостителско-туристичкото училиште Ванчо Питошески го одбележа патрониот празник
Учениците од стручното угостителско училиште во текот на постоењето постојано бележат успеси, а доказ за тоа се бројните добиени награди од меѓународните натпревари по гастрономија. Грижа се води и за подобрување на работните услови во школото и ученичкиот дом.
Вработените и учениците од ОУТУ Ванчо Питошески го одбележаа патрониот празник. Од формирањето на училиштето во далечната 1963 година до денес ова стручно школо за угостителство и туризам постојано бележи успеси. Учениците преку програмата Еразмус плус добиваат можност да престојуваат во светски хотели во Европа и преку изведување на практична обука стекнуваат нови знаења, информира Марјан Радески, директор на ОУТУ Ванчо Питошески. Забележителен успех учениците постигнуваат и од учеството на меѓународни натпревари по гастрономија. Дома се враќаат со освоени медалји и потврдуваат дека школото едуцира квалитетни кадри.
„ Ги следиме меѓународните натпревари тие се репер до каде се стигнати нашите ученци и колку угостителите ќе ги применуваат знаењата во реалниот сектор за работа. Со гордост може да кажам дека нашите ученици добро си ја завршија работата и сме горди на освените награди“, напоменува директорот за 5 сребрени бронзени медалји освоени на последните меѓународни натпревари во Пореч, Хрватска и Гастромак Охрид.
Од ОУТУ Ванчо Питошески продолжуваат да ја искористуваат Еразмус плус Програмата, а паралелно со едукацијата на учениците работат и на подобрување на условите во школото и ученичкиот дом. Во Домот се заменети вратите од собите, старите плакари, набавени се нови креветите и душеците, а ресторанот е опремен со нови маси и столчиња.Средствата за реновирањето на ученичкиот дом беа издвоени од буџетот на Министерството за образование и наука.
„ Годинава имаме склучено договор со Светска банка за регионален рамномерен развој каде сме добитници на грант од 3 милиони денари.Со тие средства ќе се реконструираат тоалетите и кабинетот за послужување за потребите за едукација на учениците“,подвлекува Радески.
ОУТУ постојано се промовира не само во регионот туку и пошироко со цел да се привлечат што поголем број на ученици. Во моментов во Ванчо Питошески во сите насоки се школуваат 200 ученици.