Георгиески посети повеќе локации каде што се гради
Посети училишни објекти и улици на кои се изведуваат реконструкции. Градоначалникот ги најави проектите кои ќе се изведуваат следната година како што е изградбата на катната гаража.
Градоначалникот Константин Георгиески направи теренска обиколка на повеќе тековни градежните активности на локации во општина Охрид. Се интересираше како течат зафатите на неколу училишни објекти, улици и потпорни ѕидови кои се финансирани од општинскиот буџет. Георгиески направи увид во тоа како течат работите при менување на кровните конструкции на основните училишта Христо Узунов, Братство Единство-Лескајца, Елшани и Коњско. Ги посети локациите каде што се градат два потпорни ѕида во селото Елшани и во Варош во близина на куќата на Григор Прличев. Исто така, градоначалникот, заедно со тимот на соработници направи увид и на градежните активности за реконструкција на улицата „АСНОМ“ на која е предвидено комплетно асфалтирање на коловозот, нивелирање на шахтите и сливниците и реконструкција на тротоарите. Вкупната инвестиција за овој проект е над 8.800.000 денари. Во 2020 година Георгиески најави продолжување на неколку мошне важни инфраструктруни проекти за охриѓани.
„Се работи за реконструкција на влезот во Охрид од Битола. На улицата 15 Корпус од кружниот тек кај Здружение на возачи до гробишта состојбата е очајна. Изработен е основен проект и инфраструктурата и се испратени во ЈП за Државни патишта. Очекуваме брза реализација. Ние како општина ќе ја изработиме атмосферската канализација, а асфалтирањето на колвоозот ќе е на ЈП. За атмосферската канализација ние ќе издвоиме 18 милиони денари “, најави Георгиески.
Градежни работи ќе има и на улицата Македонски просветители по завршување на документацијата и другите административни пречки, кога се очекува да почне проектот вреден 40 милиони денари средства од општинскиот буџет. Најава има дека од следната година ќе се гради и катна гаража.
„Со оглед дека во декември ќе има свечено отварање на пазарот, објектот е во завршна фаза. Ќе има експропријација на локација од 90 м2 за да се до откупи. Потоа ќе пристапиме на објавување на оглас за приватно јавно партнерство бидејќи Физибилити студијата е звршена“, напомена Георгиески за катната гаража која се планира да се гради во близина кај градскиот пазар.
Градоначалникот сподели дека единствен проект од најавените зафати во патната инфраструктруа кој не отпочнал е пробивање и реконструкација на улицата кај Касарната заради административни пречки во одобрението за градба. Кажа дека веднаш по одстранување на пречките ќе отпочнат со градежните работи и на оваа улица.