Сликите на Емел Махмуд зрачат со ведрина
Емел Махмуд е охридска академска сликарка која по втор пат има изложба во галеријата на Куќата на Робевци. За нејзиното творештво ќе рече дека е инспирирана од филозофското движење на суфизмот кој упатува порака на љубов кон човештвото.
Академската сликарка Емел Махмуд пред охридаката јавноста се претставува со изложба на слики. Махмуд завршила Ликовна академија во Скопје, Педагошка насока во класата на проф. Димитар Кондов. Во галеријата на Куќата на Робевци таа изложува дваесетина слики создадени во реалистичен и имагинарен уметнички правец. Нејзиното творешто изобилува со специфични форми и бои, а од сликите блика позитивна енергија и ведрина.
„Ги сакам светлите бои и тонови. Ми даваат посебна енергија иако и од темените бои човек може да повлече светлина и топлина. Тоа зависи од моментот, од уметникот и неговото од расположение“, вели Махмуд.
И во двата уметнички правци, реализмот и имагинацијата, таа твори во свој стил. Махмуд раскажува дека во своите слики внесува линии и бои од кои сака да се почуствува убавината. За мотивите , пак инспирација наоѓа во природата и филозофското движење на суфзимот, на кој претставник е филозофот, поетот и музичарот Мевлана.
„Јас сум инспирирана од движењето на семазените од нивото стоење и игра, сакам на хартија или платно да ги ставам нивните движења кои претставуваат љубов кон светот, кон човештвото“, вели Махмуд.
Емел Махмуд, досега изложувала на бројни самостојни изложби и на ликовни колонии во Охрид, Скопје, Турција, БиХ. Покрај тоа што е акдемски сликар и создава уметнички дела, таа вели дека е посебно горда на својата педагошка работа како ликовен педагог и работата со ученици во охридското Оу Братство Единство и струшките Браќа Миладиновци и гимназијата Ибрахим Темо.