Skip to main content

ПРОМО –ТУРА „ОХРИД 2019“

Од утре до 28 октомври, Охрид ќе биде домаќин на  промо – тура „Охрид 2019“, што ја организира локалната самоуправа.

 |   | 

Од утре до 28 октомври, Охрид ќе биде домаќин на промо – тура „Охрид 2019“, што ја организира локалната самоуправа.

Целта на активноста е приближување на туристичкиот потенцијал и понуда на Охрид до граѓаните на Италија особено на оние кои живеат во регионот на Милано.

На неколкудневното случување се очекува присуство на 15 туроператори и 5 новинари од Италија со цел зголемена промоција на градов на италијанскиот туристички пазар.

Директната авио -линија Охрид- Милано дополнително ќе допринесе во зголемување на бројот на италијански туристи кај нас.