Skip to main content

НУРКАЧИТЕ ОД НУРКАЧКИОТ ЦЕНТАР „АМФОРА“ НУРКАA НА 2218 МЕТРИ НАДМОРСКА ВИСОЧИНА

Овој викенд охридските нуркачи од центарот „Амфора“ нуркаа на Големо Езеро Пелистер, Пелистер.

 |   | 

Овој викенд охридските нуркачи од центарот „Амфора“ нуркаа на Големо Езеро Пелистер, Пелистер.

Големото езеро спаѓа во леднични езера. Во најголем водостој е долго 233 метри, широко 196 метри, а најголемата длабочина изнесува 14.5 метри. Иако видливоста беше ограничена поради планктон, под вода можеа да се забележат воени ашовчиња, гранати, рачни бомби, цевки од пушки и пастрмки кои преживуваат и во најекстремни услови кога езерото замрзнува.

Од „Амфора“ велат дека за ова нуркање е потребен специфичен профил кој го изработи Јован Секулоски SSI AI Trainer. Во одлична организација на Планинарскиот дом Димитар Илиевски-Мурато и Национален парк Пелистер National park Pelister експедицијата се реализира успешно.