На каналот Студенчишта ќе се постават кран за подигање на пловни објекти и видео надзор
Ова се идните планови на ЈП Билјанини извори коe стопанисува со паркинг просторот на каналот. Сопствениците на пловилата оваа можност ќе може да ја користат по завршување на јавните набавки веќе од следната година.
На каналот Студенчишта ќе се воведуваат две нови услуги за потребите на сопствениците на пловните објекти. ЈП Билјанини извори на потегот со кој стопанисуваат од ова лето ќе ја зголеми безбедноста на пловилата, а ќе го олеснат и внесот и излезот на пловилата од каналот, вели Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори.
„Стопанисувањето на ЈП кое е сериозно во намерата е во 2020 година да го направи она што го бараа катамаранџиите,а тоа е да се постави кран за кревање на пловните објекти со кој ќе се овозможи пловилата да се иставаат од водата за сервисирање и смена на маслото“, вели Јованоска .
ЈП ќе постави и видеонадзор за безбедност на скапите пловила. Од претпријатието ќе преземат ангажмани само за услуги според кои може да постапат законски. За останатите барања и потреби на сопствениците на пловилата се оградуваат од надлежност.
„Другите работи како што се прокопување на каналот и други градежни зафати ние не смееме да ги направиме без одобрение на Локалната самоуправа, Министерството за Животна средина и Транспорти врски. Овие две работи кои можеме, а не се поврзани со одредени министерства, уште од сега размислуваме да ги спроведеме во 2020 година“, вели директорката на ЈП Билјанини извори.
Кранот за подигање на пловните објеки се планира да биде поставен на долниот спуст кај мостот, а видео надзорот ќе биде поставен в долж на целиот канал на делот со кој стопанисува ЈП. Кранот и камерите ќе се набават со јавни набавки , а услугата ќе е бесплатна за пловилата кои го користат паркингот во каналот, информира Гордана Јованоска..