Во кино салата на ЦК утревечер ќе има премиера на македонскиот филм Врба
Охридските љубители на филмската уметност ќе имаат можност да го видат шестиот долгометражен филм на режисерот Милчо Манчевски по само десеттина дена од светската премиера во Рим. Италијанските филмски критичари го отценија како величенствена македонска приказна, „сторија за мајчинство, љубов и доверба“.
Во охридското кино ќе се прикажува филмот “Врба на режисерот Милчо Манчески. Шестото долго метражно остварување на Манчески тргнува да ја освојува домашната публика со премиерните проекции кои ќе се случат истовремено во Скопје, Битола, Штип и Охрид. Охридските љубители на филмската уметност ќе имаат можност да го видат најновиот филм на Манчевски по само десеттина дена од светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим.
„Прикажувањето почнува утре во петок и ќе се дава во наредните 5 дена се до вторник 5 ноември. Ја поканувам охридската публика да ужива во филмската проекција. Долго време немавме прикажувано кино проекции, а сега сме во можност да ги даваме најновите и најдобрите македонски филмови како што е најновиот филм на Милчо Манчески“, вели Горан Симоноски, директор на НУ Центар за култура Григор Прличев.
Посетеноста на кино салата по проекциите на македонските филмовите Медена земја и Исцелител,укажува дек аохридкат пубила има глад од филмската уметност. Директорот Симоноски најавува дека и во следните месеци во Центарот за култура ќе се случуваат театарски, филмски и други културни настани, а за таа цел е надминат досгешниот проблем со затоплување на просториите.
„На просторот на малата сала поставивме две инвертер клими кои добро функционираат за публиката да се чувствува пријатно. За поладните денови сме обезбедени со нафта за загревање на салите и за театарот и за кино салата. Обезбедени сме со нафта и салите за публиката ќе бидат загреани“, уверува Симоноски.
Пријатна атмосефра ќе има и утревечер, во кино салата, за публиката да ужива во филмот кој италијанската филмска критика го отцени како величенствена македонска приказна, „сторија за мајчинство, љубов и доверба“. „Врба” е филм во кој се испреплетуваат три приказни за љубовта и довербатa, едната од македонското средновековие, a другите современи. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.
Во филмот играат млади македонски актери како Никола Ристески, Сара Климоска, Јелена Јованова-Периќ, Камка Тоциноски, Сара Климоска, Наталија Теодосиева и др. Филмот е во продукција на “Банана филм” и е македонско-унгарско -белгиска копродукција. Снимањето на филмот траело два месеци, од крајот на октомври до првата половина на декември 2018 година, низ различни локации на живописниот прилепски регион и на препознатливи локации низ Скопје. Проекциите во сите денови на прикажување започнуваат во 20 часот, а цената на влезницата изнесува 150 денари.